Сникерс торта

Untitled-213-650x325

[vc_row][vc_column width=”1/1″][vc_column_text disable_pattern=”true” align=”left” margin_bottom=”0″]Доколку сте обожавател на незаменливите Сникерс чоколади, зошто да се мачите и да трошите пари купувајќи ги едно по едно.Направете си цела торта. Еве како:

Состојки:

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row fullwidth=”false” attached=”true” padding=”2″][vc_column width=”1/4″][vc_column_text disable_pattern=”true” align=”left” margin_bottom=”0″]За кора:

– 6 белки
– 12 лажици шеќер
– 6 лажици мелени кикирики
– 1 лажица брашно
– 2 лажици презла
– 1 лажица зејтин[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/4″][vc_column_text disable_pattern=”true” align=”left” margin_bottom=”0″]За фил 1:

– 250 г. путер
– 200 г. шеќер во прав
– 6 жолчки
– 200 г. мелени бисквити
– 200 г. чоколадо за готвење
– 2 кесички шлаг[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/4″][vc_column_text disable_pattern=”true” align=”left” margin_bottom=”0″]За фил 2:

– 300 г. крем
– 400 г. сецкани кикирики[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=”1/4″][vc_column_text disable_pattern=”true” align=”left” margin_bottom=”0″]За прелив:

– 50г. чоколадо за готвење
– 2 лажици зејтин[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”1/1″][vc_column_text disable_pattern=”true” align=”left” margin_bottom=”0″]

Подготовка:

Кора:

Изматете ги белките, а потоа постепено додавајте шеќер, матејќи цело време. Во добиениот шлаг додадете ги кикириките, брашното, презлата и зејтинот, па помешајте убаво.

Во заоблен калап за торта обложен со хартија за печење сипете ја смесата за кора и печете во загреана рерна на 220 степени додека не порумени. Печената кора извадете ја од калапот и оставете ја да се олади.

Фил 1:

Во сад сматете ги путерот, шеќерот во прав и жолчките. Посебно стопете го чоколадото, па измешајте го со мелените бисквити, а потоа соединете ги со претходно подготвената смеса од путер. Шлагот направете го според упатството на кесичката и помешајте го со филот.

Фил 2:

Помешајте го кремот со кикириките. Печената кора вратете ја во калапот, преку неа нанесете го првиот фил, израменете го и нанесете го вториот фил и ставете во фрижидер да се стегне.

Стопете чоколада на топол зејтин и со неа прелијте ја добро стегнатата торта.

Добар апетит![/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *