Сингапур е повторно најскапиот град во светот

456142

Сингапур се најде на самиот врв на листата на најскапи градови за живот во 2015 година.

Оваа метропола е прва на листата на која има 131 град. Освен титулата најскап град, поради високите трошоци за живеење, Сингапур е прогласен и за најскап град за купување гардероба. Одма зад него на листата се најдоа Париз, Осло, Цирих и Сиднеј. Уредникот на овој извештај, Џон Коупстејк објаснува дека европските градови цврсто ја држат позицијата на најскапи градови, додека со постојаниот развој на Азија, градовите од ова поднебје често се наоѓаат на самиот врв.

Сингапур, познат и како град на лавовите, ги привлекува туристите со модерните облакодери и префинетата егзотична кујна. Спојот на кинеското, индиското и малајското влијание го прават овој град посебен. Неговите живописни квартови пленат со идиличност, и секој е поинтересен и посликовит од претходниот.

Оваа метропола е густо населена, а во самиот центар се наоѓаат неколку квартови познати како „Central business district“ каде што е и центарот на ноќниот живот. Иако тука се сместени сите модерни облакодери, различните околни квартови имаат свој специфичен шарм и во нив се наоѓаат мистични бурмански храмови и огромни трговски центри.

Главните атракции на Сингапур се разнолики. На пример, оние кои сакаат да се опуштат и одморат треба да посетат една од трите плажи на островот Сентоса. Оние посетители кои сакаат подобро да се запознаат со културата треба да ја посетат кулата Карлсберг која е меѓу највисоките во Азија, националниот сингапурски симбол – 8,6 метарската скулптура од лав-риба која тежи 70 тони и го носи името „Merlion“. Во близина се наоѓа и најстариот мост во градот, а воедно и единствен висечки мост изграден во 1969, познат како „Cavenagh“.

Посетителите секој месец може да налетаат на некаков празник и фестивал. Со оглед на тоа дека кинеското малцинство има големо влијание во градот, најголема прослава е кинеската Нова година. Славењето трае 42 дена, а во тој период градот е фантастично украсен со црвени сијалички, мандарини и знаци од кинескиот зодијак. Оние кои ја прославуваат кинеската Нова година следните два дена ги поминуваат со своите семејства, па изгледа дека времето застанало.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *