Шест модели кои ја менуваат перцепцијата за убавина

7-Models-Changing-Perception-Of-Beauty-Banner

Во изминатите неколку декади општеството создаде прецизна слика за тоа како би требало да изгледаат совршените модели. Физичкиот изглед на луѓето е постојано наметнуван во фокусот на вниманието, обидувајќи се да се уловат сите различности кои излегуваат од стандардните граници.

Во галеријата подолу ви прикажуваме шест модели кои решија да се спротистават на поставените рамки за убавина на модната индустрија, и го привлекоа вниманието на јавноста со помош на нивните прекрасни несовршености. Во надеж дека рушењето на поставените „правилници“ за модели ќе продолжи и понатаму, ви ги прикажуваме убавиците кои во моментов се грижат за ваквиот прогрес.

1. Вини Харлоу

Канадскиот модел кој страда од витилиго (ретка состојба на кожата во која е нарушен пигментот), денеска е успешен супермодел и заштитно лице на повеќе брендови меѓу кои „Desigual“, „Diesel“, „Benetton“ итн.

2. Андреја Пејиќ

Австралискиот модел со српско потекло, Андреја Пејиќ, е еден од најубавите контроверзни модели на денешницата. Таа беше успешна манекенка уште пред да го промени нејзиниот пол во 2014 година од машко во женско, и првата трансексуалка која се појавила на насловната страница на „Vogue“.

3. Робин Лавли

Робин Лавли беше една од првите успешни „plus-size“ модели. Таа се појавила на огромен број насловни страници, била дел од кампањите на „Ralf Lauren“, и ќе биде првиот „plus-size“ модел кој годинава ќе се појави на страниците на престижниот магазин „Sports Illustrated“. Сепак, таа одбива моделите да се категоризираат според нивните килограми, и смета дека е време ваквите поделби да бидат срушени.

4. Џеки О’Шаугнеси

Таа е жив доказ дека убавината не познава возраст. На 62-години стана заштитно лице на линијата „American Apparel’s Advanced“. Како некој кој е дел од индустријата во која клучна улога игра младоста, Џеки во една прилика изјави: „сексипилот нема рок на траење“.

5. Брунет Мофи

Оваа сексипилна бринета ги крши бариерите на модната индустрија. Неконвенционалната убавица страда од страбизам, а вели дека прифатила да биде дел од овој бизнис со цел да ги промовира различните видови на убавина. Мофи минатата година потпиша договор со престижната агенција „Storm Models“, од која беа дел и Кејт Мос, Синди Крафорд и Кара Делвајњ.

6. Диандра Форест

Со нејзината светла кожа, коса и зелени очи, Диандра ги крши сите правила на изгледот на класична афро-американка. Таа страда од албинизам, и благодарение на нејзиниот необичен и мистичен изглед, денеска е дел од кампањите на престижни брендови како „MAC“, „Jean Paul Gaultier“ и „Vivienne Westwood“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *