Селфи-фотографиите се смртоносни

thinkstockphotos-468715546-1000x500

Нема ништо лошо во тоа да се сакате себеси и начинот на кој изгледате. Но водете сметка, смртта од селфи-фотографиите сега е почеста од нападите од ајкули! Добра вест за сурферите и нуркачите, но не и за оние кои сакаат убава фотографија од себе.

Најголема грижа на оние кои прават селфи е да имаат добар агол, соодветно осветлување и интересен филтер. Се чини дека никој не се грижи за безбедноста. Статистиките покажуваат дека повредите и смртта поради селфи-фотографиите се во пораст.

Некои од овие смртоносни несреќи се последица на екстремни околности, но има и онакви кои настанале поради занемарување на нешто крајно едноставно. Падот е најчеста причина за смрт при правењето селфи, а потоа се ударите од автомобил и други превозни средства во текот на позирањето.

Kirill-Oreshkin-1-660x428

Уште во 2010 година 17-годишната ќерка на американскиот амбасадор во Тајланд паднала од кровот на една зграда, додека се фотографирала на забава. Во мај 2014 година еден портотикански музичар загина додека фотографирал селфи на мотор. Истиот месец во Америка еден пилот изгубил контрола над авионот додека правел селфи, поради што загинал заедно со сите патници. Во август истата година, 15-годишно момче од Филипини критично се повредил со пиштол кој го држел во едната рака, додека се фотографирал со другата. Помалку среќа имаше 20-годишното момче од Мексико кое сакало да направи иста таква фотографија.

Kirill-Oreshkin-660x424

Во јануари минатата година, три момчиња од Индија загинаа, откако ги прегази воз додека позирале на пругите. Во јули, една 20-годишна Русинка паднала од мост, сакајќи да се слика со Москва во позадината. Уште во јануари оваа година имаше неколку несреќи.

shutterstock-660x330

Поради ваквите несреќи во Русија се појави водич во кој се објаснува како да се избегнат опасни ситуации, а во националниот парк Јелоустоун е поставено предупредување со потсетник да не се прават селфи фотографии со бизоните поради неколку случаи каде посетителите сериозно го ставиле својот живот во опасност поради селфи.

russian-selfie-guide-660x495

Дури и Википедија во 2014 година започна да ги бележи и документира сите смртни случаи предизвикани од селфи, а може да се забележи дека повеќето инциденти им се случуваат на млади на возраст од 18 до 22 години.

thinkstockphotos-474606212-660x494

Преку 300 милиони фотографии прикачени на Инстаграм се обележани како #selfie, додека едно неодамнешно истражување покажува дека во просек, личноста минува пет часа во неделата фотографирајќи се.

Paul-Souders-Design-Pics-Getty-Images-660x495

Во надеж дека ова е само минлив тренд, иако неговата популарност е поприсутна кај познатите, па дури и кај некои политичари, важно е да се води сметка и внимателно да се погледне околу себе пред да се направи селфи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *