Руската полиција издаде 15 безбедносни знаци кои предупредуваат на опасностите од правењето селфи

dqwdqw1-1000x500

Во последнава година повеќе луѓе загинале правејќи селфи отколку од напад од акули. Дека ова не е шега сведочи оваа брошура со предупредувања за безбедност кои неодамна ги издаде руската полиција. Ова е кампања која ги предупредува луѓето на опасностите од глупаво фотографирање во ситуации кои се потенцијално фатални. Имено, многу луѓе веќе платиле со своите животи поради тоа.

Брошурата со безбедносни предупредувања е повеќе од разумна, бидејќи селфињата преку ноќ станаа составен дел од руската црна статистика. Само во Русија селфињата станаа основа за голем број на смртни случаи. Таков пример е момчето од Урал, кое сакало да се фотографира со рачна граната во рацете со извлечена безбедносна игла. Мобилниот телефон со селфито преживеал.

Бројот на несреќи од овој тип е во пораст во последните неколку години, па така руската полиција издаде флаери кои покажуваат 15 различни ситуации кои се потенцијално фатални доколку одлучите да направите селфи меѓу кои се и селфи на железничка пруга, на покриви на зградите, на столбови за електрична енергија, на брод, со оружје во рака, со диви животни…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *