Референдум за истополови бракови во Ирска. На кое место за геј права е Македонија?

20150523_wom987_1

Во Ирска денеска се одржува истрориски референдум за истополови бракови, кој е поддржан од сите водечки политички партии. На граѓаните со право на глас им е поставено прашањето: Дали сакаат во ирскиот Устав да се додаде членот кој ќе гласи: Брак може да склучат две личности во согласност со законот без разлика на нивниот пол.

Избирачките места се отворени од 6 часот утринава, а гласањето ќе трае до 22 часот. Првите резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, а анкетите навестуваат позитивен исход. Доколку законот биде изгласан, Ирска ќе биде првата земја во светот која на ваков начин ги дозволила истополовите бракови.

Католичката црква остро се спротивставува на денешниот референдум и категорично е против легализирање на истополовите бракови. Сепак, и покрај тоа што Ирска важи за земја во која поголемиот број жители се посветени католици, низа скандали од последната деценија ја разнишаа довербата на Ирците во црквата.

PicMonkey Collage

Деновиве во земјата се водат две сосема спротиставени кампањи, кои можат да се забележат низ улиците и медиумите во Ирска. Едната гласи „За“ а другата „Против“ истополовите бракови. Главните аргументи на оние кои се противат на донесувањето на овој закон се основани од традиционални причини, како семејните вредности и религијата. Тие се обидуваат во фокусот да ги стават децата и нивното растење. Меѓутоа, оние кои се наоѓаат од спротивната страна на „тезата“ тврдат дека инволвирањето на прашањето за децата во дебатата има за цел единствено да внесе забуна и да ги оддалечи гласачите од вистинското прашање.

Во 2011 година Ирска го избра првиот јавно деклариран геј-пратеник, а пет години откако беше донесен закон со кој се дозволува граѓанско партнерство меѓу лица од ист пол, денеска (22.05.) ќе се гласа дали тие да добијат целосно признаен граѓански брак.

Доколку законот биде изгласан, се предвидуваат забрзано растење на бројот на европски држави кои на овој начин ќе придонесат до еднакви права за ЛГБТ заедницата. Доколку пак работите отидат во спротивна насока, ова ќе значи неколку чекори назад.

Погледнете ги статистиките направени од „ILGA Europe“, на кои визуелно се прикажани правата на хомосексуалците и трансексуалците ширум Европа. Од 49 земји на листата, Македонија се наоѓа на 49 место.

20150523_woc001_1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *