Овој десерт е совршен спој на деликатен вкус и мека структура кој со сигурност ќе ги фасцинира вашите гости.Иако рецептот е малку покоплициран вашите напори ќе бидат наградени уште со првата лажица од овој фантастичен десерт кој има божествен вкус и симпатичен изглед.
Потребни состојки:
- 4 лажички бел рум
- сок од два лимони
- 5 лажици шеќер во прав
- 1 пакување бебешки бисквити
- 500gr. маскарпоне сирење
- 2 големи јајца
- 500gr. шлаг
- свежо изрендана лушпа од еден лимон
- свежи јагоди (за декорација)
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги лимоновиот сок и белиот рум, додадете 2 лажици шеќер во прав и мешајте додека не се соединат состојките. Ако сакате може да додадете и неколку лажици вода. Оставете го садот настрана. Изматете ги жолчките. Истото направете го и со шлагот. Во еден сад ставете го останатиот дел од шеќерот во прав, маскарпоне, жолчките и кората од лимон и добро измешајте ја смесата додека не добиете нежен крем. Потопувајте ги бисквитите во смесата од лимонов сок и редете ги по краевите на садот во кој ќе ги послужите. Откако ќе ги наредите истурете половина од со крем и додадете уште еден слој од потопени бисквити. Повторно додадете уште еден слој од кремот и оставете го садот во фрижидер најмалку осум часа. На изладеното тирамису додадете свежи јагоди и уживајте.