Рецепт за бела торта со овошје

berries&cream_cake

Ви доаѓаат гости, а не знаете каков десерт да приготвите? Ова е нашиот предлог – бела лесна торта со овошје! Лесно се приготвува, а е многу вкусна.

Потребни состојки:

  • 8 белки
  • 200г. шеќер во прав
  • 2 лажички екстракт од ванила

За фил:

  • 600мл. слатка павлака
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 250гр. боровници, 250гр. јагоди и 1 банана

Подготовка:

  1. Во еден сад ставете ги белките, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и матете со миксер додека не добиете цврста смеса. На хартија за печење исцртајте круг, свртете ја хартијата и нанесете ја смесата во рамките на кругот. Печете околу 1 час на температура од 170 степени. Направете 3 вакви кори.

2. Исецкајте ги јагодите и бананите и додадете ги боровниците. Премачкајте ги бананите со лимон за да не поцрнат. Во сад за матење ставете ја слатката павлака, додадете шеќер и екстракт од ванила. Матете додека не добиете мазна смеса.

3. Ставете го филот во шприц. На една подлога ставете ја првата кора врз неа нанесете дебел слој од филот, наредете овошје, па ставете ја другата кора – фил и овошје, па третата кора која ќе ја премачкате со тенок слој од филот и ќе наредите овошје. Ако ја сервирате веднаш корите ќе бидат крцкави додека подоцна ќе омекнат и ќе станат посочни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *