Рецепт: Лазањи со тиквички

PicMonkey Collage(696)

За време на летото сите почнуваме да размислуваме за нашата линија и се вртиме кон поздрава исхрана. Се трудиме да ги исфрлиме јаглехидратите и се вртиме кон сезонскиот зеленчук и полесните рецепти.

Денес ви откриваме еден таков рецепт, лесна варијанта на омиленото италијанско јадење – лазањи со тиквички – без глутен и со помалку калории.

Потребни состојки:

  • 500gr говедско мелено месо
  • 3 чешниња лук
  • половина главица кромид
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол и бибер
  • 700gr доматен сос
  • 2 лажички ситно сецкан свеж босилек
  • 3 тиквички со средна големина
  • 400gr рикота
  • 450gr моцарела
  • 2 лажици пармезан
  • 1 поголемо јајце

Подготовка:

1. Издинстајте го месото додека не добие кафеава боја и посолете. Извадете го од садот, и во течноста испуштена од месото додадете маслиново масло и во него пропржете ги кромидот и лукот околу 2 минути. Вратете го месото во садот, додадете го доматниот сос, босилек, сол и бибер. Преклопете го садот и оставете сите состојки да крчкаат 30-40 минути. Не додавајте вода.

2. Во меѓувреме исецкајте ги тиквичките на кришки со дебелина од 5мм. Посолете ги и оставете ги настрана да пуштат вода. Вклучете ја рерната на 250 степени. Во посебен сад измешајте ги рикотата, пармезанот и јајцето.

3. Премачкајте го дното на огноотпорна тава со маслиново масло. Наредете го првиот слој тиквички, врз него нанесете ја мешавината од рикота и пармезан, па приготвениот сос со мелено месо, а потоа и неколку кришкки моцарела. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Завршете со сос и изрендана моцарела и покријте го садот со фолија. Печете во рерна 45 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *