Рецепт: едноставен летен колач со лимон

picmonkey-collage37-1000x500

Десертите со лимон се совршени за топлите летни денови бидејќи се навистина освежувачки. Овој рецепт за колач со лимон е различен од конвенционалните поради процесот на подготовка, што го прави уште поосвежувачки.

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • малку сол
  • 1/2 шолја путер
  • 1 шолја шеќер
  • 3 јајца
  • 1-2 лажици сок од лимон
  • 1 лажичка кора од лимон
  • 1 шолја јогурт

За фил:

  • 400ml кондензирано млеко
  • 1/4 шолја сок од лимон
  • 250ml шлаг
  • кора од лимон за декорација

Подготовка:

Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени, а потоа во сад со средна големина измешајте ги брашното, сода бикарбоната и солта. Во друг сад со маталка изматете ги путерот и шеќерот за да добиете пенаста мешавина и постепено додадете ги јајцата и изматете ја смесата со миксер. Потоа додадете ги сокот и кората од лимон. Оваа смеса додадете ја во првиот сад со брашното и сода бикарбоната. Измешајте за да се соединат состојките додадете јогурт, повторно измешајте, ставете ја смесата во тава и печете ја околу 25 до 30 минути или додека не се испече. Додека се пече, пригответе го филот. Во еден сад измешајте ги кондензираното млеко и сокот од лимон. Кога ќе се испече пандишпанот, отстранете го од тавата и направете дупки во него (но не предлабоки). Сега, додадете ја мешавината од кондензирано млеко и сок од лимон во дупките за да се впијат во колачот. Оставете го во фрижидер еден час за да се излади. Кога колачот ќе се излади намачкајте го со шлагот и додадете кора од лимон како декорација. И вашиот колач од лимон е готов!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *