Распеан мај во Рамстор: Серија бесплатни концерти

unnamed

Трговскиот центар Рамстор денес ја најави најновата кампања која го носи името “Рамстор Мол свири“ која ќе опфати серија на бесплатни концерти.

Имено, започнувајќи од 2 мај саботите во трговскиот центар се резервирани за вистински концертни трески од кои дел ќе бидат улични музички изведувачи, а најголемо музичко случување на месецот ќе биде настапот во живо со бенд на Елена Ристеска кој ќе се одржи на 9 мај со почеток во 17 часот.

Како што велат од Рамстор Мол оваа програма е само дел од сите возбудливи денови и кампањи кои трговскиот центар ги подготвува за своите посетители во текот на летниот период.

На купувачите им преостанува да ги забележат наведените датуми за музичките концерти, да уживаат во купувањето и најавените настапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *