Птица му го смачка носот на авион на „Turkish Airlines“

PicMonkey Collage

Неверојатни фотографии се појавија на социјалните мрежи, откако во вторникот патничкиот авион на „Turkish Airlines“ беше принуден да слета по силниот удар со птица. Без разлика на тоа колку бизарно и да звучеше оваа причина, фотографиите кои беа објавени запрепастија со штетата која била причинета од судирот.

Во моментот на незгодата се наоѓале 125 патници, од кои за среќа ниту еден не бил повреден. Авионот летал на релација Истанбул-Нејсехир во Турција.

Пилотот инцидентот го пријавил во контролата на летање, а заради принудното слетување променети биле рутите на уште два авиона.

Од фотографиите може да се забележи дека носот на авионот се наоѓаат траги од крв, а фасцинира деформацијата предизвикана од ударот во птицата.

Откако фотографиите ги објави „Flight Report“, корисниците беа шокирани од големината на штетата на авионот.

„Ова е удар на магаре, а не на птица“, пиша еден корисник на Twitter, додека другите додадоа: „Што точно било тоа, птеродактил?!“, како и: „Што? Толкава штета? Да не беше тоа змеј?“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *