Пржени кришки со мусли

kriski

Ви претставуваме здрави и вкусни кришки со мусли за совршени утра!

Потребни состојки:

  • 6 кришки леб
  • 3 јајца
  • 2-3 лажици млеко
  • 5 полни лажици мусли
  • масло и путер за пржење
  • банани
  • портокали
  • мед
  • лешници
  • суво грозје

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата и млекото. Во друга чинија ставете мусли. Добро загрејте една тава, ставете путер и масло. Натопете го лебот во јајцата, исцедете го од вишокот и потоа ставете го во чинијата со мусли. Слободно притиснете го лебот со рака за да се залепат повеќе мусли. Пржете додека не добиете, убава, златно-жолта боја од двете страни. Наредете ги на салфетки за да ги упијат вишокот маснотии. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.

Послужете со овошје и мед и наросете им сецкани лешници и суво грозје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *