Проектот „Pegasus“ – приказна за вербата во животот

517648805_640

Приказната гласи вака: извесен Дејв Меинерт, режисер од Јужноафриканската Република, ја пронашол малата Пегасус во дворот на еден неодговорен сопственик кога таа имала само еден месец. Нејзините браќа и сестри немале среќа да преживеат, а таа била родена со тежок недостаток на пигмент, па на Дејв му било кажано дека доколку преживее таа сигурно ќе го загуби видот и слухот. Наместо да се фокусира на негативните проценки, тој решил да гледа на животот со своето куче Пегасус од поведрата страна.

Со оглед на тоа што овој човек не бил сигурен колку ќе потрае неговото пријателство со прекрасното бело кученце, тој решил да ја снима и фотографира додека расте,  а видеото што ќе го видите е само дел од она што Дејв го забележал. Тој вели дека Пегасус има здравствени проблеми, но дека тој заедно со неа научил дека љубовта има најголема моќ да ги менува работите на подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *