Прекрасна колиба во која дизајнот се соединува со природата

Banner-image_Homes

На само два часа возење од Њујорк, во долината на реката Хадсон, се наоѓа изолираната колиба Хадсон Вудс.

Оваа неверојатно едноставна но елегантна кабина е направена од локални природни материјали кои составуваат една истовремено модерна и класична целина. Едноставниот дрвен ентериер, кој иако на моменти потсетува на старите парчиња мебел, искомбиниран со монохроматскиот амбиент, создава модерна атмосфера доведена до перфекција. Оваа кабина е совршен пример за тоа како треба да се комбинираат дрвата. Во домот не постои телевизор или некаква друга технологија, бидејќи акцентот е ставен на природата.

Скарата, лизгалката и сличните додатоци, се заменети со едноставен простран базен, единствено надополнет со елегантни маси и столици. Буквално се е во склоп со природата.

Оваа совршена кабина е пример за тоа дека „помалку е повеќе“ е одличен совет!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *