Прекрасен марокански хостел кој мами со својата уникатност и ниска цена

PicMonkey Collage

Се сеќавате на магичното сино мароканско градче Чевчаен, за кое пишувавме пред некој ден? Епа, доколку ја разбуди вашата желба да го посетите Мароко, а барате евтино и убаво сместување, хостелот „Риад Барака“ нуди уникатно искуство за сите авантуристи.

Сместено во 600 години стара традиционална барака, ова преноќувалиште се издвојува со својот автентичен и уникатен дизајн кој со сигурност ќе ве воодушеви. Арапските елементи уредени на модерен начин, и прекрасната малечка тераса на покривот која овозможува полед од високо кон целата област, се причините поради кои огромен број на млади луѓе се одлучуваат токму тука да се сместат за време на својата посета.

Освен тоа, цените се навистина достапни, па така соба со два кревети чини само 13 евра, додека оние со повеќе се уште поевтини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *