Пратуша Банерџе пронајдена мртва: „Малечката невеста“ си го одзела животот

pratusha-suside-1

Боливудската актерка Пратуша Банерџе вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, на 24 годишна возраст.

Актерката која кај нас беше позната како Ананди, главната улога во серијата „Малечката невеста“, се обесила во својот дом во Мумбај, Индија. Како што шпекулираат светските весници, постојат сомневања дека сепак не станува збор за самоубиство, иако првичните докази водат кон тоа.

Pratyusha-Banerjee-657579

Нејзината бурна љубовна врска со партнерот Раул Раџ се наведува како можна причина за немилиот настан, но нејзините блиски пријатели и соработници одбиваат да веруваат дека младата Пратуша би посегнала по својот живот.

Имено,токму Раџ бил оној кој ја пронашол обесена во нејзиниот дом, и ја однел во болница, каде била констатирана смрт.

Полицијата и понатаму го истражува случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *