Практични трикови со облека кои вредат злато

674e974b7e84a2170b182928c5c1d2f1

Овие мали трикови се навистина корисни бидејќи за многу брзо време решаваат некои од вообичаените проблеми – на пример, залепена мастика на фармерките, расипан шлиц кој постојано се откопчува или прерамка од градникот која постојано се гледа.

Денес ви откриваме неколку корисни трикови кои ќе ги решат овие и слични незгоди.

1. Искинатите фармерки ќе добијат сосема нов шмек ако материјалот со кој ќе ги закрпите има интересен дезен.

2. Најдобар начин да ги поставите панталоните на закачалка е доколку вкрстено ги префрлите ногавиците. Така тие нема да се изгужваат и ќе ја задржат формата.

3. Ако немате доволно место за закачалки во орманот послужете се со еден едноставен трик со отварач за лименки! Само провлечете го металниот дел на закачалката низ едниот отвор од отворачот за лименки. Другиот отвор ќе биде погоден за да закачите друга закачалка.

4. Залепената мастика на фармерките лесно ќе ја отстраните со едноставен трик со мраз. Тријте ја коцката мраз врз мастиката, а потоа со нож или друг остар предмет внимателно отстранете ја. Се разбира, внимавајте да не ги оштетите фармерките.

5. Ако прерамката од градникот постојано ви се гледа послужете се со овој фантастичен трик. Зашијте врвка со копче на внатрешниот дел од маицата кај рамениците на која лесно ќе ја закачите прерамката спречувајќи таа да се помести и да се гледа.

6. Искористете го стариот џемпер така што ќе направите интересни грејачи на нозете. Отсечете го делот кај ракавите и наместете го околу листовите каде што завршуваат чизмите.

7. Имате расипан шлиц кој постојано се откопчува? Решете го проблемот со помош на алка за привезок за клучеви. Со неа лесно ќе го прикачите патентот за копчето од панталоните па така нема да се поместува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *