Повик за учество на БЕЛА НОЌ 2015

20121006-bela-nok

Единаесеттото издание на БЕЛА НОЌ е закажано за 03.10.2015.

Повикот за учество е отворен, па доколку сакате да сте дел од овој настан можете да пополните апликација, која можете да ја пронајдете на нивната официјална интернет страница.

Како и секоја година така и оваа на Бела ноќ ќе има: Визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип, кибернетичка уметност); Применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации); Музика; Филм; и Јавна уметност; и урбани точки.

Селекцијата на уметниците ќе ја направат организаторите, а истите ќе бидат избрани според приложените дела. Квалитетот, иновативноста, и карактерот во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците.

Заинтересираните треба да ги поднесат следниве документи:

– биографија со личните податоци за уметникот или групата;

– фотографии/ ДВД/ ЦД/ скици и цртежи;

– промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти…;

-пополнета и потпишана апликација (можете да ја симнете на официјалната страна www.belanok.mk);

Апликациите заедно со дополнителните документи треба да се испратат најдоцна до 01 јули 2015 година, на следниве адреси: Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2015), Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија, или по пат на електронска пошта на: contact@belanok.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *