Повелете, седнете си на нилскиот коњ…

animal-chair-collection-hippo-sofa-maximo-riera-3

Максимо Риера, е името на креаторот на оваа интересна колекција мебел инспирирана од дивите животни, и едноставно насловена „Animal Chairs“.

Како што кажува и самото име, станува збор за интересни софи и фотелји со изглед на животни, а последна во серијата која го привлече вниманието на љубителите на дизајнот, е фотелјата во облик на нилски коњ. Интересно е тоа што Риера успеал да направи совршен спој на црната елегантна кожа со дивиот свет, која резултира со софистициран и луксузен изглед.

Ова креативно и необично парче мебел веднаш ги освои ексцентриците ширум светот кои уживаат во некласичното уредување на домот.

animal-chair-collection-hippo-sofa-maximo-riera-3animal-chair-collection-hippo-sofa-maximo-riera-4 animal-chair-collection-hippo-sofa-maximo-riera-8animal-chair-collection-hippo-sofa-maximo-riera-67animal-chair-collection-hippo-sofa-maximo-riera-68

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *