Потпечени полнети земички со јајца – појадок за вистински гурмани

P1250561x

Ако сте од оние луѓе кои не можат да го замислат појадокот без јајца, тогаш овој рецепт сосема ќе ве воодушеви. Ви откриваме нов начин да приготвите јајце на око и да добиете хранлив и вкусен оброк за почеток на денот.

Потребни состојки:

  • земички
  • јајца – по едно за секоја земичка
  • пармезан
  • павлака за готвење
  • зачини по вкус – магдонос, лук во гранули, естрагон и сл.
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Издлабете ги земичките за да добиете корпички од леб, па наредете ги во тепсија. Вклучете ја рерната на 170 степени.

2. Скршете по едно јајце во секоја земичка.

3. Во секоја земичка додадете малку пармезан, зачини и по една лажичка павлака за готвење. Зачинете со сол и бибер.

4. Ставете ги во рерна додека не се испече јајцето. Сервирајте ги топли!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *