После долги години Guns N’ Roses ќе настпат во полн состав

guns-n-roses

Се чини дека Аксл Роуз и Слеш конечно се смириле. Една од најголемите кавги во светот на рок музиката, помеѓу фронтменот на оваа група и гитаристот е конечно завршена. Тие двајца последен пат заедно настапија во далечната 1993 година во Аргентина, а кога настана кавгата Роуз го опиша Слеш како личност која е подобро да се отстрани или да се бега од неа.

Но, изгледа дека несогласувањата се веќе минато, затоа што повеќе извори блиски до бендот потврдуваат дека Guns N’ Roses повторно ќе се формираат во 2016 година, со настап на фестивалот Coachella.

По ова, групата планира турнеја по стадиони, на која ќе има најмалку 25 настапи. Се уште не се знае точната постава на бендот, но покрај Аксл, потврдено е дека во повторното формирање ќе учествуваат и Слаш и Даф Меккеган. Мет Сорум, според информациите, ќе свири тапани наместо оригиналниот тапанар Стивен Адлер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *