Посен гулаш од печурки

mushroom_paprikash_over_couscous

Доколку постите, и не знаете што вкусно да направите за ручек, пробајте го овој вкусен рецепт со печурки.

Потребни состојки:

– 400 гр шампињони
– 300g гр буковки
– 3 чешниња лук
– 4 главици кромид
– морков
– мал корен од целер
– 300 мл црвено вино
– 100 мл доматен сос
– сол
– бибер
– лажица сецкан магдонос
– лажица густин
– половина чаша вода
– масло

Подготовка:

1. Исечете го кромидот на мали коцки и издинстајте во масло. Додадете рендан морков и рендан целер. Гответе уште една минута, па додадете го ситно исецканиот лук. Откако кромидот ќе започе да мириса, додадете ги и исецканите печурки. Намалете ја температурата и варете уште десетина минути. Доколку е потребно, дотурете и малку вода.

2. Додадете доматен сос, црвено вино, и гответе уште десетина минути. Густинот се меша со вода, по што се додава во чорбата и се готви за неколку минути за да се згусне. Зачинете, тргнете го садот од оган, а потоа додадете ситно сецкан магдонос.

3. Послужете со палента, варени компири или ориз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *