Посебна направа со која можете да ја видите стварноста со очи на животно

In-the-Eyes-of-the-Animal_20

„Во очите на животните“ е најнов изум на лондонско дизајн студио Маршмелоу, што овозможува на луѓе да минат низ фасцинанта шумска авантура набљудувајќи на околината онака како што ја доживуваат животните.

Апаратирата е поставена во шумата Гајздел во Англија, а дизајнерите сакале да ја спојат природата со технологијата и да ја приближат до луѓето на начин на кој животните го гледаат светот околу себе.

Тој футуристички проект овозможува да летаме над дрвја и да бидеме лице-в-лице со разни шумски „станари“.

Инсталацијата на тој проект е овозможена со Лидар скенер, посебна технологија што ја скенирала шумата и собраните податоци ги ставила во real-time, а потоа ги комбинира со уште податоци собрани преку рентген и фотографски техники. Секоја сцена хармонично се вклопува со околината.

Целосното доживување е засилено со звучни ефекти и вибрации. Резултатот е хипер реалистично доживување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *