Појадок на јапонски начин: Тамаго омлет

tamago-3

Постојат милион начини за да се подготви омлет, меѓутоа, речиси сме сигурни дека се уште не сте го пробале овој. Станува збор за стар јапонски рецепт наречен Tамаго, или во буквален превод, пржени јајца. Ова е нашиот предлог за вашиот денешен појадок.

Состојки:

tamago

– 4 јајца
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица соја сос
– масло за готвење
– 1 лажица мирин – оризово вино (не е задолжително)

tamago

Подготовка:

1. Изматете ги заедно јајцата, шеќерот, соја сосот и миринот.tamago-4

2. Ставете на тивок оган тава со масло. Откако ќе се загрее, истурете половина од смесата врз неа, и погрижете се со тенок слој од јајцата да биде зафатена целата тава. Откако долниот дел ќе се зацврсти, започнете со помош на шпатула да ја превиткувате како палачинка.

3. Откако целосно ќе ја замотате, потргнете ја на едната страна од тавата, а на другата истурете го остатокот од смесата, исто така, насекаде обезбедувајќи тенка текстура. Соединете ја добиената „палачинка“ со остатокот од јајцата, на тој начин што ќе продолжите да ја мотате во нив се додека не добиете една голема замотана целина. Причината поради која не ги вртите јајцата за да ги испечете од двете страни, е бидејќи течната смеса прави тие полесно да се залепат.

4. Извадете ги на чинија, почекајте малку да се оладат и исечете ги на неколку делови. Комбинирајте го оброкот со сос од домати и некој зеленчук.

tamago-4

Совет:

По желба, Тамаго-омлетот можете да го подготвувате и со други состојки, по желба.

За да ви се разјасни принципот на пржење, погледнете го видеото подолу, во кое девојката ги подготвува томаго јајцата со состојки по нејзина желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *