Погледнете го најновото видео на Адел за „Hello“

adelefacemain

Голема еуфорија настана меѓу обожавателите на Адел, откако беа објавени неколку секунди од нејзината најнова песна „Hello“, а денеска официјално излезе целосната снимка придружена со видео.

Монтреал е местото каде беа снимени сцените на спотот, а за неговата реализација беше задолжен реномираниот режисер Хавиер Долан. Во кратко интервју за радиото Apple Beast 1, Адел ја опиша соработката со него како „неверојатно искуство од кое научила многу“. Таа воедно открива дека работата со Долан и ја поттикнала желбата за да стане актерка, а видеото за „Hello“ го опишува како нејзиното најдобро досега.

„Hello“ е најава за најновиот албум на Адел, „25“, чија објава е закажана за 20 ноември оваа година. Ова е првата песна која таа ја објавува после раѓањето на нејзиниот син Ангел,  а поминаа цели пет години од објавувањето на нејзиниот последен албум, „21“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *