„ПОЕЗИЈА ВО ГЛУВАТА СОБА број 5“

12516462_10204220984525006_368911101_n

Студент ФМ 92,9, радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по петти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант – „Поезија во глувата соба“.

Право на учество имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка.

Испратете пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со своите податоци: име, презиме, факултет и контакт, на e-mail адресата: poezija929@gmail.com, најдоцна до 31 март 2016 година.12516462_10204220984525006_368911101_n

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата Студент ФМ 92,9.

Досегашни финалисти од претходните изданија на „Поезија во глувата соба“:

Издание бр.1 – Билјана Димко, Адријана Стамболиска, Богољуб Адамов, Панче Ковачовски

Издание бр. 2 – Костадин Героски, Ѓорѓе Јовановиќ, Марија Панева

Издание бр. 3 – Даниел Карески, Костадин Митрев, Ирена Трајкова

Издание бр. 4 – Рина Јанкуловска, Моника Стојановска, Мартина Јанеска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *