Почина Дејвид Боуви на 69-годишна возраст

bowie

По 18 месеци храбра борба со канцерот, популарниот пејач и актер Дејвид Боуви почина на 10 јануари во својот дом на 69-годишна возраст. Веста беше објавена утрово, при што беше откриено дека британската икона во последните мигови од својот живот била опкружена со своето семејство.

005_iman-et-david-bowie_theredlist

Боуви пред околу еден месец го издаде својот нов сингл „Blackstar“.

Легендарниот уметник е роден како Дејвид Роберт Хејворд-Џоунс на 8 јануари 1947 година во Лондон.

Тој беше музички активен цели пет децении и вечно посветен кон менување на музичкиот стил и имиџот.

„Додека многумина од вас сакаат да ја споделат веста за смртта и загубата на Дејвид, ве молиме да ја почитувате желбата на семејството во приватност да се справат со болката“, беше наведено на Фејсбук страната на Боуви.

db-status

Првата песна со која се прослави Боуви беше синглот „Space Oddity“ од 1969 година, додека за најзначаен албум во неговата кариера се смета „The rise and the fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“.

Концептуалниот албум кој раскажуваше приказна за вонземјанин кој доаѓа на Земјата и станува мега ѕвезда, а на крајот го убиваат обожавателите, ги освои срцата на љубителите на необичниот звук. Заштитен знак на турнејата беше огромен стаклен пајак, специјално изработен за таа прилика.

Боуви остана активен до последниот ден. Турнејата за албумот „Ријалити“ (2005), мораше да ја прекине поради мал срцев удар.

Покрај музиката тој се занимаваше и со актерство, а една од неговите највпечатливи улоги е ликот на Никола Тесла, кој го играше во филмот „Престиж“ на познатиот режисер Кристофер Нолан. Во овој филм тој настапи заедно со Хју Џекмен и Кристијан Бејл.

david-bowie-the-prestige

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *