Перо Антиќ приведен во Њујорк, кошаркар на Индијана прободен

s

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ кој игра за Атланта Хокс бил приведен во средата во клубот „1 OAK“ во квартот Челзи во Њујорк по тепачка во која биле прободени кошаркарот на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд и неговата сопруга.

Во информацијата објавена на „Њујорк дејли“ пишува дека Антиќ заедно со неговиот соиграч Табо Сефолоша бил приведен бидејќи ја попречил полицијата во својата работа, односно да направи увид на местото на инцидентот.

Кошаркарот Коупленд бил прободен со нож во стомакот, неговата жена на раката и ногата, а во инцидентот прободена била и уште една 53-годишна жена за која се претпоставува дека била со напаѓачот.

Напаѓачот, 22-годишно момче било приведено, а ножот со кој ги прободил бил запленет.

Инцидентот се случил околу четири часот по полноќ по локално време, пред самото затворање на клубот.

Најверојатно кавгата настанала кога излегувале гостите, а напаѓачот извадил нож и ги прободел Коупленд и неговата сопруга.

Коупленд допатувал во Њујорк бидејќи неговиот тим во среда ќе игра против домашниот Никс, а Антиќ и Сефолоша, кои биле со него, допатувале во Њујорк, каде Атланта им гостува на Бруклин Нетс.

Тие одбиле да се поместат кога полицијата почнала да врши увид, па се обвинети за попречување на службените лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *