Печени моркови со лук

печени моркови

Ова е најдобриот и најлесен рецепт за печени моркови. Подеднакво се добри како прилог и како мезе.

Состојки:


  • 20 поситни моркови
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балсамико оцет
  • 4 чешниња лук, ситно сецкани
  • 1 лажичка сушена мајчина душица
  • сол и бибер
  • 2 лажички сецкан магдонос

Подготовка:


Загрејте ја рерната на 200°C. Во тава за печење нанесете малку масло. Поставете ги морковите во еден ред. Додадете маслиново масло, балсамико оцет, лук и мајчина душица. Додадете сол и бибер по вкус и нежно промешајте. Оставете ги морковите да се печат 30-35 минути или додека не омекнат. Украсете со сецкан магдонос.

печени моркови1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *