Овој скриен базен е една од најдобро чуваните тајни во Исланд

2893674000000578-0-image-m-22_1431421042501

Постои капење во базен, и постои уживање во водите сместени меѓу едно од најживописните места во Исланд. Во овој пост ви откриваме една од најдобро чуваните тајни на патувачите ширум светот, базенот кој толку љубоморно го кријат и чуваат во тајност, со цел во неговите убавини да уживат што помал круг на луѓе – базенот Сељавалалуг.

Ова скриено водено катче било изградено од локалните мештани во почетокот на 20-от век, со цел да ги учат децата како да пливаат. Иако на прв поглед не изгледа така, сепак тој е исполнет е со топла изворска вода која се слева од Ејафјадлајекидл. Тиркизниот рај, чија боја често варира во зависност од временските услови, е слободен за сите. Посетителите кои уживале во него велат дека топлата вода е навистина пријатна и чиста, и дека дури и има лековити својства за кожата.

Доколку Исланд се уште не ви се наоѓа на мапата на земји кои задолжително морате да ги посетите, сега имате причина плус да го направите тоа.

 289581B600000578-3077992-image-a-25_1431427839047

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *