Ова се 3 најпопуларни мејкап изгледи оваа сезона

beaute-les-hommes-preferent-les-femmes-moins-maquillees-204758_w1000

Експертите за убавина велат дека нагласени усни и нагласени очи не одат заедно! Меѓутоа светот на убавината има некои непишани правила и струења кои ги следи.Па така, се почесто гледаме како ова правило се прекршува.

Магазинот „Glamour“ покажа кои 3 мејкап трендови се најпопуларни оваа година. И да, има многу нагласени очи и истакнати усни.

 

1. Ретро трепки и портокалов кармин – Трепките кои ги популаризираше манекенката Твиги повторно се во мода. Тие се долги, дефинирани и раздвоени! Искомбирнирајте ги со портокалов кармин кој во последните неколку сезони е вистински хит и дочекајте го летото во ретро стил!

2. Извлечен ајлајнер и усни во месо боја – Тушот за очи и понатаму владее во светот на убавината. Оваа сезона ќе се носи впечатливо извлечена црна линија од надворешниот дел на окото во комбинација со усни во месо боја – дискретни, но сензуални.

3. Густи богати трепки и црвен кармин – Уште од времето на Мерлин Монро црвениот кармин не престанува да нè воодушевува. Оваа сезона се носи во комбинација со густи, богати трепки кои му даваат на погледот мистичност и сензуалност.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *