Ова напуштено сицилијанско гратче подарува куќи

gangi-free-houses-wcth10

Ганџи е речиси целосно напуштено сицилијанско гратче кое подарува куќи. Ова живописно место изгледа типично како и сите други гратчиња во оваа област и е опкружено од планината Мадони. Се чини премногу добро за да биде вистина? Постои само еден проблем – куќите се запуштени.

Оваа понуда звучи како одлична можност, привлекувајќи луѓе ширум светот да си купат викендичка. Тоа е токму тоа што заедницата сака да го постигне, да го врати животот во ова прекрасно гратче.

Како што тие самите велат оние кои ќе се пријават за бесплатна куќа мора самите да ги сносат трошоците за преност на сопственоста и мора да претстават проект за реновација една година по преносот и да го реализираат реновирањето во рок од три години.

Па, што чекате…имате околу 4 години за да си го создадете вашето мало парче сицилијански рај!

One thought on “Ова напуштено сицилијанско гратче подарува куќи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *