Ова е градот со најдобар квалитет за живеење

dunaj-1000x500-1000x500

На запад ништо ново – би можел да биде заклучокот од најновото истражување кое го спроведе консултантската компанија Мерсер.Тие на годишно ниво прават список на градови со најдобар квалитет на живеење и верувале или не веќе седум години по ред резултатите не отстапуваат премногу…

Градот со најдобар квалитет за живеење во светот повторно е Виена! Очигледно австрискиот капитал одлично се држи бидејќи ова е седми пат по ред Виена е прогласена за најдобар град за живеење и тоа не на ниво на Европа, туку во светски рамки! Веројатно се прашувате каква била конкуренцијата и како минале другите. Истражувањето вклучуваше 229 градови проверени од Мерсер и тоа според 39 критериуми со кои се одредува квалитетот на живеење. Од безбедност, економски аспекти, превоз, заштита на животната средина, гастрономија па до култура – според сите овие области Виена е оценета како најдобра!

istock_000048167878_full-660x440-660x440

По Виена следат Цирих и Окленд, потоа Минхен, па Ванкувер, Дизелдорф и Франкфурт. Женева е на осмо место, а на деветто Копенхаген, десетто Сиднеј, а големиот туристички бастион Берлин се наоѓа на 13 место. Лондон и Барселона го делат 39 место. Во нашиот регион најдобро се котираше Љубљана на 76 место, Загреб на 98, Белград 141, додека Скопје мина најлошо и се најде на 159 место. Најлоши на европскиот континент се Киев, Тирана и Минск, а на самото дно според сите карактеристики се најде Багдад.

istock_000053794302_large-660x321-660x321

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *