Освежете го изгледот на платнените патики со помош на водени бои

Final-with-garland

Доколку понекогаш ви недостасуваат безгрижните училишни денови, а особено часовите по ликовно, кога можевте да ја покажете својата креативност играјќи си со водени бои ви предлагаме одличен начин да се забавувате. Но, овој пат нема да сликате на блок, туку на бели платнени патики!

Наместо бели, и по малку здодевни патики, ќе добиете уникатни, весели и интересни, а ние ќе ви покажеме како.

Потребни материјали:

  • бели или светли платнени патики
  • водени бои
  • два сада со вода
  • неколку четкички
  • фиксатор за боја

Упатство:

materials1

  1. Измешајте неколку бои со вода и пробајте на марамче дали сте близу до саканата нијанса. Ако сакате може да додадете и бои со металик ефект.
  2. Откако ќе ја погодите нијансата, почнете да сликате на патиките. Со подебела четкичка обојте ги поголемите делови, а за посебни детали користете мала. Не постои правило како ќе боите. Препуштете се на вашата креативност.
  3. Измешајте една четвртина фиксатор за боја со три четвртини вода и преминете преку патиките за бојата да се заджи на ткаенината што подолго.

shoes-with-paint

Напоменавме дека треба да ја тестирате бојата на марамче. Материјалите се однесуваат слично, па ќе имате приближн слика како ќе изгледа крајниот ефект.

SHoes-no-laces-horz

Доколку не сакате да ги боите врвките, отстранете ги пред боењето. Откако патиките ќе се исушат можете слободно да ги прошетате.

Shoes-in-air

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *