Одлични трикови со шноли кои ќе ви го олеснат животот

bobbypins-gold

Шнолите се еден од најдобрите изуми на човештвото и веруваме дека повеќето од вас се сложуваат со оваа констатација!

Речиси и да нема фризура која може да се направи без помошта на овие шнолички.

Добро држат, лесно се сокриваат во косата, со нив можете да ја освежите фризурата, може да се употребат како украс…можностите се неограничени.

Ви прикажуваме нови начини да ги употребувате овие шноли кои ќе покажат зошто сме толку воодушевени од нив!

За фризури

За подобро да ја држат косата и да не се лизгаат свртете ги наопаку, односно поставете ја искривената страна кон темето и на тој начин прикачете ја. Тоа ќе спречи лизгање низ мазната, тенка коса.

Испрскајте ја шнолата со лак за коса за да не се лизга од косата. Прснете лак на долната страна и на внатрешноста на шнолата. Можете и благо да ја натапирате косата на местото каде што ќе ја ставите шнолата и така да обезбедите поголема цврстина.

Техниката на „заклучување“ е одлична кога сакате шнолите да ви ја држат фризурата во текот на целиот ден. Техниката е едноставна: Отворениот дел од шнолата наместете го во спротивниот правец од правецот во кој е косата, фатете ја, и со буткање свртете ја шнолата во правецот во кој оди косата. Шнолата ќе биде добро прицврстена и ќе ја држи косата подобро од вообичаено.

На крајот на плетенката закачете скриена шнола за да добиете опуштен хипи изглед. Врзете ги краевите на плетенката во чвор и со шнолата прицврстете го за да спречи расплетување на плетенката.

Држете ги локните подалеку од лицето со помош на шноли. Кога сакате локни кои одат наназат и не паѓаат на лицето можете да употребите трик со скриени шнолички. Закачете ја косата над ушите со помош на шноли. Ова ќе ја држи косата подалеку од ушите.

Закачете ја плетенката со помош на шнолички за да не се види крајот. Одвојте еден помал дел од косата кај лицето, исплетете плетенка и повлечете ја назад. Протнете шноличка на крајот на плетенката и закачете ја на тој начин да се сокрие во косата. Насочете ја кон лицето и нагоре.

Извртете ја косата кај лицето и закачете ја на тој начин да не се гледа шнолата за да добиете уреден изглед. Одвојте ги прамените кај лицето и извртете ги наназад и нагоре. Закачете ја косата со шнола која ќе ја насочите кон лицето и нагоре.

Сокријте го ластичето со кое врзавте репче така што ќе одвоите еден прамен и замотајте го околу репчето па со шнола прицврстете го праменот под репчето за да не се гледа.

Вратете ги прамените кои стрчат од плетенката на место со помош на шнолички во боја наместо одново да сплетете плетенка. Ова ќе го освежи изгледот на косата и ќе и даде интересна нота на вашата плетенка.

Подигнете го репчето со помош на шнолички и подобрете го изгледот. Врзете ја косата во репче и префрлете ја косата преку лицето. Закачете неколку шноли на долната страна вертикално на ластичето, така што отворениот дел ќе биде свртен надолу. Вратете го репчето назад и уживајте во ефектот!

 

Продолжете го векот на траење на локните така што откако ќе ја навиткате косата со фигаро секоја локна замотајте ја и прикачете ја со шнола. Оставете ги така додека не се оладат, а потоа извадете ги шнолите.

Други трикови

Чувајте ги шнолите во стара кутија од тик-так бонбони и така ќе спречите да се изгубат веднаш штом ќе ги извадите од косата.

Искористете ги шноличките како средство за правење точки на ноктите и направете интересни шари. Ставете неколку капки лак на еден лист и со помош на шнолите нанесете точки или други облици на ноктите!

Нанесете лепак на вештачките трепки со помош на шноли. Ставете лепак на еден лист, натопете ја шнолата и со неа нанесете лепак на краевите на вештачките трепки. На овој начин подеднакво ќе го нанесете лепакот по целата должина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *