Нови практични начини да ја искористите четкичката од старата маскара

MG_5474

Сигурни сме дека во вашиот несесер имате маскара која е при крај или која е сосема исушена. Ако се одлучите да ја фрлите, а сосема ви одговара нејзината четкичка ви препорачуваме да ја задржите. Може да ви послужи во различни цели, да реши некои од честите проблеми со убавината, па дури и да ви помогне во одржувањето на домаќинството. Имаме фантастични примери на каков начин можете да ја искористите четкичката од старата маскара!

Во служба на убавината

  1. Чешел за веѓи – Сигурно веќе знаете дека чешлањето е еден од основните чекори кога станува збор за обликување и пополнување на веѓите. Овој чекор ќе направи да се ублажи бојата која ја нанесовте за да добиете поприроден изглед. Ако немате чешел за веѓи може да искористите исчистена четкичка од маскара за таа цел.

2. Наместо четкичка за веѓи – Како што може да ја употребите како чешле за веѓи, старата четка од маскара може да ја употребите и како четкичка за нанесување боја и пополнување веѓи. Нанесете сенка во посакуваната боја и поминете низ веѓите и ќе видите дека веднаш изгледаат погусти и контурите на веѓите стануваат понагласени. Веѓите пополнети на овој начин ќе изгледаат далеку поприродни од оние кои ги исцртувате со креон.

3. Старата четкичка во нова маскара – Ова е доста вообичаена појава – имавте омилена маскара која со години ја користевте и одеднаш не можете да ја пронајдете во продажба. Затоа ви препорачуваме да зачувате барем една четкичка од маскарата која најмногу ви одговара, исчистете ја и чувајте ја во резерва за вакви ситуации. 

4. Брз раст на трепки и веѓи – Сите сонуваме за заносни и долги трепки за кои речиси и нема да ви треба маскара. За таа цел можете да ги искористите даровите од природата кои влијаат на растот на влакната. Најдобро и најефикасно е рицинусовото масло. Тука четкичката од вашата стара маскара ќе ви послужи како главна алатка за нанесување на маслото. Едноставно добро натопете ја во маслото и нанесете на трепките како што нанесувате маскара. Можете да нанесете и на веѓите доколку сакате да ги згуснете.

5. Пилинг на усните – За усните да ви бидат секогаш меки и нежни неопходно е да правите редовен пилинг. Премачкајте добро измиена четкичка од маскара со балсам или гроздово масло и нежно истријте ги усните. Влакната на четкичката се доволно цврсти, но и доволно нежни за да го отстранат слојот на мртви клетки, а да не ги оштетат усните.

6. Смирување на „бебешките“ влакна – Косата постојано се обновува – старата опаѓа, а расте нова. Лесно може да ги препознаете новите влакна кога ќе ја фатите косата во репче – тоа се оние „антенички“ кои стрчат насекаде околу лицето. За да ги смирите непослушните „бебешки“ влакна испрскајте малку лак на четкичка од маскара и минете низ влакненцата. Така ќе ги спуштите и смирите влакната, а нема да добиете залижан изглед кој би го добиле ако директно ја испрскате косата со лак.

7. Чистење нокти – За ефикасно и темелно да ги исчистите ноктите неопходно е да користите четка и течен сапун и добро да ги истриете ноктите како од горната така и од долната страна. Четкичката од маскара може да ви послужи како идеално средство за тоа.

Во служба на одржување на домаќинството

  1. Чистење тешко достапни места – Во секое домаќинство постојат места кое тешко може да се досегнат со класични крпи и четки за чистење. Во тие случаи ќе ви помогне старата четкичка од маскара. Таа е доволно мала да допре до секој агол.
  2. Чистење накит – За повторно да ви заблеска стариот сребрен накит и за да ги отстраните темните дамки од неговата површина најдобро средство кое може да го искористите е мешавината од сода бикарбона и лимон. Натопете ја четкичката од маскара во добиената паста и истријте го накитот.
  3. Чистење на домашните апарати – Понекогаш е тешко да се исчистат домашните апарати поради формата која ја имаат. Па така на пример фенот за коса тешко може да се исчисти на вообичаениот начин, но за тоа може да ви помогне четкичката од маскара.

Како правилно да ја исчистите четкичката за маскара?

Дури и кога е целосно залепена со остатоци од старата маскара и кога е исушена, четкичката може да се исчисти. Тоа најдобро ќе го направите така што ќе помешате малку вода со една лажичка сода бикарбона и ќе ја оставите четкичката да отстои во оваа течност во текот на ноќта. Следното утро извадете ја од средството и измијте ја со шампон. Кога ќе се исуши ќе биде како нова и спремна за нова употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *