„Нинтендо“ апликација што ги урива сите рекорди (видео)

miitomo_banner_2

„Миитомо“, првата апликација на „Нинтендо“ наменета за паметните телефони, стана неверојатно голем хит за само неколку дена, а во Јапонија моментно се наоѓа на самиот врв на топ листата на најдобрите iOS апликации.

„Нинтендо“ беше јасен од самиот почеток, кога објави дека паметните телефони нема да бидат само уште една платформа за линијата за игри на компанијата.

Иако сите мислеа дека првата апликација на „Нинтендо“ ќе биде видео игра, компанијата ги изненади корисниците кога ја претстави апликацијата за допишување.

maxresdefault

Сите кои ја користат апликацијата прво треба да дизајнираат свој Мии аватар, со кој праќаат пораките. Самата апликација е бесплатна, но постојат опции како виртуелна облека за аватарот, кои дополнително се наплаќаат.

Иако некои корисници се разочараа, интересот за апликацијата и натаму е многу голем. На официјалниот Твитер профил е откриена информација дека апликацијата за само три дена ја презеле над 100 милиони корисници.

Бројката е дури поимпресивна ако знаете дека апликацијата моментно е достапна само во Јапонија, но и тоа наскоро може да се промени, бидејќи апликацијата привлече големо внимание.

Се претпоставува дека компанијата нема да ја пропушти можноста „Мииторно“ да го пласира и на другите пазари на кои се популарни и нејзините останати производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *