Неверојатна градинарска бајка во Јапонија

градина

Растението вистерија потекнува од Кина и Јапонија, но за оние кои барем еднаш виделе како изгледа градината „Kawachi Fuji“ приказната за ова растение има сосема друга смисла…Оние кои се занимаваат со градинарство знаат дека вистеријата е тип на ползавец и дека има прекрасни цветови кои неколку пати годишно цветаат во различни бои, меѓутоа постои едно место во Јапонија каде овој ползавец се одгледува многу грижливо и изгледа како бајка.

Ова идилично место се наоѓа на неколку часа од Токио. Наместо бетонски или дрвени мостови и клупи вие ќе минете низ сводови и тунели од живо цвеќе. Познатата градина „Kawachi Fuji“ можеби е и најидиличното место на светот. Со околу 150 садници на вистерија овој тунел изгледа речиси нестварно.

Најдобро време за посета е во април и мај, а особено кон крајот на април кој се нарекува и Златна недела. Должината на тунелот е околу 80 метри, а Јапонците го нарекуваат тунел на среќата. Оваа билка е симбол на младоста, поезијата, женската убавина и заздравувањето, а на вас оставаме да видите како изгледа да се помине под овој магичен тунел:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *