Неодоливи, свежи, вкусни: Мини пити со лимон

133006204

Доколку викендов сте расположени за подготовка на некој вкусен десерт, овој кој ви го прикажуваме во продолжение е идеално решение ако сте обожаватели на свежо-слатките вкусови.

Потребни состојки:

За тестото:

– 250 гр брашно
– 125 гр путер
– 100 гр шеќер во прав
– 2 жолчки
– 1 бурбон ванилин шеќер
– малку ладно млеко

За кремот од лимон:

– 4 јајца
– 120 мл исцеден сок од лимон
– изрендана кора од 4 лимони
– 150 мл слатка павлака
– 180 гр шеќер
– слатка павлака, за декорирање

Подготовка:

1. Во еден сад ставете го брашното и путерот исечен на парчиња. Со раце замесете тесто кое ќе наликува на лебни трошки. Додадете ги шеќерот, бурбон ванилиниот шеќер и жолчките и повторно измесете со рака. Почнете да додавате млеко малку по малку додека замесите тесто.

2. Тестото обликувајте го во форма на топка, завиткајте го во пластична фолија, притиснете го да добие форма на диск и ставете го во фрижидер најмалку 30 минути.

3. Извадете го од фрижидер, ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало. Со помош на чаша или калап вадете кругови колку ширината на калапитеза тарт. Исечените кругови ставете ги во калапите, притиснете и избоцкајте ги тестата со вилушка.

4. Ако немате мали калапи за тарт, може да користите калапи за мафини.

5. Пред да ставите да се печат 10-тина минути ставете ги во фрижидер.

6. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути.

7. Додека се пече тестото преминете на подготовка на кремот од лимон. Изматете ги јајцата и шеќерот и додадете ги сокот и кората од лимон и на карај додадете ја и слатката павлака и измешајте.

8. Горната смеса загрејте ја на пареа и така топла сипете ја на печените теста додека се уште топли и ставете да се печат во рерна загреана на 150 степени 15-20 минути, додека да се стегне кремот. Ако печете голем тарт тогаш оставете да се пече 30-тина минути.

9. Печените питички одозгора може да ги декорирате со изматена слатка павлака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *