Неодолива торта со моркови за љубопитните гурмани

carrot-cake-600[1]

Иако за нашето поднебје правењето десерти од моркови е се уште некарактеристично, сепак, сигурни сме дека му дадете шанса на овој рецепт, веднаш ќе ве освои:

Потребни состојки: img_1431

За бисквитното тесто:

– 4 поголеми јајца (на собна температура)
– 60 мл сончогледово масло
– 180 мл растопен путер
– 1 лажиче екстракт од ванила
– 280 гр брашно (пола меко, пола остро)
– 400 гр шеќер
– 2 лажичиња прашок за пециво
– 1 лажиче цимет
– прстофат мелено морско оревче
– прстофат сол
– 375 гр изрендани моркови
– 60 гр суво грозје

За кремот:

– 450 гр крем сирење (на собна температура)
– 110 гр путер (на собна температура)
– 250 гр шеќер во прав
– неколку капки екстракт од ванила

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени. Тавата или калапот во која ќе ја печете тортата малку намастете ја и обложете ја со хартија за печење.

2. Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, зачините, прашокот за печење и солта.

3. Во друг сад изматете ги убаво јајцата, потоа додадете ги маслото, путерот и екстрактот од ванила.

4. Сувите состојки додадете ги во садот кај јајцата и полека измешајте ја смесата додека не се поврзат сите состојки. Постепено додадете ги и морковите и сувото грозје.

5. Горната смеса поделете ја на два дела за да добиете две бисквитни кори.

6. Прво едната смеса ставете ја да се пече во загреана рерна околу 30-35 минути, односно додека не порумени. Потоа истото повторете го со втората кора.

7. Оставете ги корите убаво да се изладат.

8. За тоа време преминете на подготовка на кремот. Во еден сад ставете ги путерот, крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила и изматете со миксер на најмала брзина. Матете додека не добиете хомогена смеса.

9. Премачкајте ја првата кора со 1/2 од кремот, а потоа одозгора ставете ја втората кора и исто премачкајте ја со преостанатиот крем.

10. Оваа превкусна торта послужете ја на собна температура, но може да стои неколку дена во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *