Неочекувана дупка на брег во Австралија „проголта“ камп

6807732-3x2-700x467

Стотина метри широка дупка неочекувано се отвори во популарен камп на австралискиот брег, голтајќи неколку автомобили и камп-куќичка, пренесуваат локалните медиуми во неделата.

Јамата на плажата Рејнбоу во сојузната држава Квинсленд почнала да се отвора околу полноќ. Песокот пропаѓал неколку метри во длабочина и исчезнувал во морето.

Појавата ја забележала една жена којашто почнала да вика за да ги предупреди луѓето во преполниот камп повикувaјќи да излезат од шаторите и камп-куќичките, пренесува телевизијата ABC.

Автомобил, караван и кампер за само неколку секунди потонале во амбисот длабок три и широк стотина метри. Полицијата вели дека повеќе од 140 луѓе побегнале од кампот пред целосно да се „отвори“ големата дупка.

Плажата е сместена на 240 километри северно од Бризбејн, популарна туристичка дестинација, а слична дупка се појавила и во 2011 година, додаваат медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *