Необичен рецепт за маскара од Орео колачиња?!

diy-mascara-out-of-oreos-header-via-makeupiscool-youtube

Кога бевме мали постојано ни велеа да не си играме со храната. Очигледно оваа 16-годишна девојка не си ја научила лекцијата. Во нејзиното најново видео поставено на YouTube, таа играњето со храна го однесе на сосема ново ниво.

Таа употребува Орео колачиња за да создаде маскара во домашни услови.

Сè што ви треба за да си направите и вие ваква необична маскара е 70% алкохол, памук, мал сад, Орео колачиња, лажица, најлонско ќесе и коректор за очи.

Единствено не сме сигурни зошто некој би ги употребил колачите за маскара, наместо да ги изеде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *