Неколку трикови за потраен кармин

beautiful-girl-with-black-hair-and-red-lips-posing-in-the-blue-room-805x537

Многу жени се трудат да најдат кармин кој ќе биде траен и ќе обезбеди убав изглед на нивните усни, па дури се спремни да платат многу висока цена. Но, тоа нема да биде потребно доколку ги примените следниве трикови.

Најпрво исчистете ја устата. На чисти усни најдобро се нанесува карминот и тој трае подолго. Со фротирна крпа истријте ја устата, а потоа нанесете балсам и оставете да отстои. Потоа отстранете го вишокот. На вака исчистени усни нанесете го карминот.

За потраен кармин, најпрво нанесете моливче за уста кое ќе биде во иста боја како карминот.

Откако ќе го нанесете првиот слиј од карминот, бакнете хартиено марамче, и нанесете уште еден слој.

На крајот насмевнете се и со голема четка нанесете пудра во прав. По ова не ставајте кармин бидејќи тој ќе стане леплив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *