Неодоливи колачиња со цимет

glavna

Омилените празнични колачиња се дефинитивно актуелни во овој период на годината. Децата просто ги обожуваат, а и сите ние коишто така се чувствуваме!
Потребни состојки за медени колачиња со цимет:

● 375 гр маргарин
● 3 кесички цимет
● 1 јајце
● 600 гр брашно
● 200 гр мед
● 250 гр мелени ореви
● 2 лажици какао
● прашок за пециво

Состојки за глазура за украсување (ројал ајсинг):

● 1 белка
● 200 гр шеќер во прав

praznicni-cimet-kolacinja-karmin-glazura-01

Подготовка:

Од сите состојки измесете мазно тесто, свиткајте го во фолија и оставете го да отстои 20 минути на ладно (најдобро во фрижидер). На работната површина наросете малку брашно и развијте тесто со сукало, со дебелина од околу половина сантиметар. Вадете со модлички различни облици и редете ги во тавче коешто претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Ставете ги колачињата да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 20-тина минути. Додека се печат бисквитите, сматете ја белката со шеќерот, а потоа некое време пред да бидат готови,извадете ги колачињата од рерна, за да ги украсите.

praznicni-cimet-kolacinja-karmin-glazura-05

За украсување, ако немате шприц, може да искористите кесички за замрзнување во коишто ќе ја префрлите смесата за глазура а потоа ќе направите мал отвор со што ќе може прецизно да ги исцртате колачињата.

Украсените бисквити вратете ги во рерна да се допечат уште неколку минути.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *