Наскоро ќе можеме да имаме облека која самата се чисти

vintage4

Облека која сама се чисти наскоро ќе стане наша реалност, откако научниците креираа текстил кој сам ја чисти нечистотијата кога ќе се изложи на светлина.

Тим научници од австралискиот Универзитет РМИТ измислиле специјална наноструктура која го разградува органскиот материјал кога се наоѓа на директна сончева светлина или вештачка светлината од сијалици, објави журналот „Адвансед Метиријалс Интерфејсес“

Научниците работеле на развој на материјали кои сами се чистат преку нанотехнологијата, а користеле бактерии и сребрени наноструктури кои можат да апсорбираат светлина.

Кога ќе се изложат на светлина овие наноструктури добиваат енергетски набој кој произведува топли електрони со чија помош се разградуваат органските материи.

За целиот процес потребни се шест минути. Научниците сега ќе тестираат дамки од вино и домати.

„Сепак, имаме уште многу работа пред да почнеме да ги исфрлуваме машините за перење“, рече еден авторите на истражувањето Раџеш Рамантхан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *