Направи сам: Ресести бохо обетки

tasselearrings02

Сигурни сме дека сте забележале до сега дека обетките со реси во бохо стил се претворија во витински хит. Доколку се уште не поседувате вакви, време е да го промените тоа. Сепак, и не е така едноставно да се најдат токму онакви обетки какви што посакуваме и си замислуваме. За среќа, секогаш постои опција „направи сам“, а токму таков туторијал ви прикажуваме и во статијата подолу.

Потребни материјали:

– Свилен конец во вашите омилени бои (предлагаме да употребите неколку различни нијанси)
– Ножици
– Иглички
– Метални капи за обетки
– „Копчиња“ за уво
– Клешти за стегање и сечење

Подготовка:

1. Измерете ја должината која сакате да ја имаат обетките, па помножете ја со два и во оваа мерка исечете го свилениот конец. Што повеќе ги нижите, толку обетките ќе изгледаат побујно.

2. Свијте ги парчињата конец на половина и на самата средина превиткајте ги со еден пократок конец во јазол. Исечете го вишокот конец.

3. Низ капата провлечете ја иглата со свиок на едниот крај, и додадете и лепак во нејзината внатрешност за подобро да бидат прицврстени конците (точка број 4).

4. На свиокот на крајот на иглата закачете го средишниот дел на чворот кој ги држи сите конци соединети. Провлечете ги во внатрешноста на капата и почекајте и лепакот да дејствува. Додадете го одозгора и горниот дел на металните капи.

5. Следува најкомплицираниот дел, а тоа е свивање на иглите во чвор, за што ви се неопходни клешти. Оставете празно кругче на врвот, кое ќе го завиете со должината на иглата. Скратете го вишокот.

6. Низ празнината на игличката закачете ги „копчињата“ за уво.

Тоа е тоа! Резултатот е фантастичен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *