Направи сам: облечете ги перничињата во џемпер

sweater-pillow-600x450

Најпријатниот простор каде сите се чувствуваме удобно е домот. Оваа студена сезона дополнително “стоплете” ја атмосферата во дневниот простор, со тоа што на декоративните перчичиња ќе им дадете поинакoв изглед.
Секоја есен гардероберот го подновуваме со нови џемпери, а старите ги подзабораваме. За да не останат без никаква намена, пробајте да ги “облечете” на перничињата од домашната софа.

Нема да ви биде потребно сечење со ножици и шиење со конец, но доколку сакате истите да изгледаат како купени од продавница, тогаш можете да си поиграте со креативноста и да ги доукрасите и направите уште поинтересни. Одлично изгледаат и таквите кога џемперот на раскопчување со копчиња, ќе го поставите од предната страна на перницата, а ракавите ќе ги вовлечете во внатрешноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *