Направи промени: „Младински локален активизам“

MLA - Copy

Со чинење на позитивни промени во заедницата, освен што работиме на тоа да го подобриме нашето секојдневие, го подобруваме и личниот и професионален развој кој расте заедно со делата кои ги правиме.

Тргнувајќи од тука, Младите можат, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, уште еднаш потсетува на важноста на волонтирањето и младинската работа како алатки за понатамошен развој, овој пат преку проектот „Младински локален активизам“.

40 млади на возраст од 16 – 24 години, жители на општина Ѓорче Петров или Аеродром, ќе добијат можност да бидат дел од проектот, и да научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и да стекнат вештини за работа во тим.

Проектот ќе биде спроведен преку три модули:

Модул 1: 11 – 12 февруари, дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми;

Модул 2: 18 – 19 февруари, дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива.

Модул 3: март – мај, имплементација на локални иницијативи во општините Аеродром и Ѓорче Петров.

Повеќе информации за иницијативата „Младински локален активизам“ можете да пронајдете на веб-страната на Младите можат, или едноставно со клик – тука.

Рокот за аплицирање завршува на 08.02.2017 година (среда), во 16:00 часот.

Твоето дејствување е своевидна порака за светот. Биди нечија инспирација!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *