Направете вкусна тава со печурки

Julienne-25

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400 г свежи печурки

* 1-2 кромида

* 250 г кашкавал

* 2 лажици масло за готвење

* 1 лажичка сол

* ½ лажичка црн пипер

* 1 лажичка брашно

* 30 г путер

* 120 г павлака за готвење (со висок процент на масленост)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Печурките исчистете ги и исечкајте ги на парченца. И кромидот исечкајте го на ситни парченца. Кашкавалот изрендајте го.

2.На тава за пржење, загрејте масло и запржете го исечканиот кромид. Посолете и пржете се додека не се карамелизира кромидот.

3.Во тавата додадете ги исечканите печурки и динстајте ги околу 8 минути. Додадете лажичка црн пипер и тргнете ги од оган.

4.Во друг сад, на оган, ставете лажица брашно и запржете го. Додадете путер притоа константно мешајќи. Додадете ја и павлаката и мешајте се додека малку не се згусне.

5.Печурките префрлете ги во огноотпорен сад за готвење. Одозгора прелијте со претходно подготвениот сос и наросете со рендан кашкавал.

6.Печете на 200 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја. Сервирајте топли во комбинација со зеленчук, тестени или месо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *